Ванчо Николески бил македонски писател, претставник на првата повоена генерација македонски писатели за деца и младина. Роден е во село Црвена Вода - Дебарца, Охридско. Основно училиште завршува во родното село, гимназија во Охрид, а учителска школа во Скопје. По завршувањето на учителска школа, тој учителствува во многу села низ Македонија.
По ослободувањето работи како новинар и уредник на весникот „Титов пионер“ и во детските емисии на Радио Скопје и Радио Битола. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1950 година.
Добитник е на повеќе книжевни награди, меѓу кои „Климент Охридски“ и „Младо поколение“. Преведуван е на сите југословенски јазици, и самиот се занимавал со преведување од српски и руски јазик.
Во негова чест Друштвото на писателите на Македонија ја доделува наградата „Ванчо Николески“ за книга за деца и млади.
Многу добра песна! Ме растажи и разбуди милион тажни емоции. А после читањето имав огромни меланхолични чувства иако ронев КРОКОДИЛСКИ СОЛЗИ. Многу прекрасно прикажана љубовта на Мице глувчето. 837382738383882/10 од мене